Форум-сајт ДРАЧЕВО


Join the forum, it's quick and easy

Форум-сајт ДРАЧЕВО
Форум-сајт ДРАЧЕВО
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
реклами
Информации за Драчево Untitled4

Информации за Драчево

4 posters

Go down

Информации за Драчево Empty Информации за Драчево

Пишување by Интелект Пон Сеп 01, 2008 12:13 am

Драчево

Драчево е населба во Општина Кисела Вода, во околината на градот Скопје. Поради својата големина и бројот на жители Драчево е прераснато во градска населба на градот Скопје. Еден дел од населбата сеуште се нарекува село Драчево и за него се водат посебни статистички податоци.

Драчево (Република Македонија)
Општина: Општина Кисела Вода
Население:
Поштенски број: 1050
Повикувачки број:
Надморска височина: 240 метри
Географска широчина: 41° 56' 12" сев. ш.
Географска должина: 21° 31' 18" ист. д.
Веб-место: https://dracevo.macedonianforum.net

Географиja и местоположба

Драчево се наоѓа во јужниот дел на Скопската котлина на 12 километри оддалеченост од центарот на Скопје (во југо - источен правец). Населбата е рамничарска и низ неа минува локален пат за повеќе скопски села. Со центарот и другите делови на Скопје Драчево е поврзано преку автобуски линии, а истотака Драчево пртеставува и железничка станица на пругата Скопје - Гевгелија.

Историja

Археолошки локалитети

* Белчевица, некропола од римското време. Во дворот на училиштето, при садењето на овошни насади, во 1955 година учениците откриле гробница градена од квадратни тули со скелет покрај кој биле положени стаклени сатчиња ‡ лакримарии.

* Љубуш, старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 km југозападно од селото, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 m и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.

* Пинтија (Ќуприја), некропола од доцноантичкото време. На 2 km северозападно од централниот дел на селото, во 1952 година, при подготовките на нивите за садење на лозја се откриени повеќе гробови и една гробница градена од римски надгробни споменици. Најдените прилози се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

* Тресалиште, осамен наод од доцноантичкото време. Во 1949 година во месноста Стефановски Дол е откриена надгробна стела со релјеф и латински натпис. Стелата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.


Економија

Населението на Драчево во најголем дел е вработено во фирми во Скопје и работи секундарни и терциерни стопански дејности, меѓутоа дел од населението сеуште се занимава со полјоделство. Најзастапени полјоделски култури се градинарските (кромид и млад кромид, праз, зелка, морков идр.). Во Драчево работат пазар и голем број на трговски дуќани. Во близината на Драчево се наоѓаат и голем број на индустриски капацитети (како „ОХИС“, „Тулана“), стоваришта, сервиси и работилници.

Демографија

Според пописот од 2002 година, селото Драчево брои 8641 жител од кои:

* Македонци - 7941
* Албанци- 22
* Роми - 339
* Турци - 106
* Срби - 64
* Власи - 16
* Бошњаци - 68
* останати 85

Општествени институции

Народна кујна во С.Драчево, Три основни училишта: Ц.О.У.Рајко Жинзифов, О.У. Кузман Шапкарев, О.У. Климент Охридски Поликлиника, Полициска станица, Пожарна, Две средни училишта: Браќа Миладиновци (гимназија, земјоделско, кортикултура) и попското средно училиште, Градинка 1ви Мај, Спортска сала, Пошта на Македонски Телекомуникации....

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Културно рекреативен центар Три Круши и Манастир Пеленица.

Редовни настани

Културно лето Три Круши. Се одржува секое лето во Културно рекреативниот центар Три Круши.Секој петок и сабота во малиот амфитеатар настапуваат естрадни уметници, актери, театри, продефилируваат членови на повеќе културно-уметнички друштва, настапуваат гости од повеќе земји од Европа...

Личности

Една од најпознатите личности од Драчево е македонскиот кошаркар Петар Наумоски. Останати познати личности се македонските пејачи Миле Кузмановски , Есма Реџепова , Даниел Коцалев , како и фамилијата Тодевски (Тамара и Тијана)...

Култура и спорт

Со децении опстојува културно уметничкото друштво КУД КИТКА и е еден од заштитните обележја на Драчево Во Драчево има два фудбалски клуба ФК Драчево и ССК Младинец. Двете екипи се натпреваруваат во третата фудбалска лига на Р.Македонија. Во минатото постоел и ФК Партизан каде што почнал да игра познатиот Македонски фудбалер, Мирко Петров. Има и една женска кошаркарска екипа ЖКК Младинец која се натпреварува во Првата кошаркарска лига за жени на Македонија и машкиот кошаркарски клубКК Ангели, кој се натпреварува во 3 Кошаркарска лига.

Иселеништво

На поголемиот дел од населението корените на семејствата им се од Драчево, но има и многу доселеници кои бараат помирен живот надвор од центарот градот а да се во контакт со новите случувања. Има повеќе фамилии кои што ја напуштиле населбата и заминале во Австралија, а има и неколку кои што од таму дошле за да живеат во Драчево.


Последната промена е направена од Интелект на Пон Сеп 01, 2008 12:27 am. Мислењето е променето 1 пати
Интелект
Интелект
Admin

Male Број на мислења : 75
Местолокација : Драчево Скопје , Македонија
Име и презиме : Име и презиме
Поени : 12
Reputation : 1
Registration date : 2008-08-27

http://www.dracevo.tk

Вратете се на почетокот Go down

Информации за Драчево Empty Re: Информации за Драчево

Пишување by Интелект Пон Сеп 01, 2008 12:16 am

Информации за Драчево 600px-Macedonia_map_blank
Интелект
Интелект
Admin

Male Број на мислења : 75
Местолокација : Драчево Скопје , Македонија
Име и презиме : Име и презиме
Поени : 12
Reputation : 1
Registration date : 2008-08-27

http://www.dracevo.tk

Вратете се на почетокот Go down

Информации за Драчево Empty Re: Информации за Драчево

Пишување by viski Саб Окт 04, 2008 3:08 pm

se dobro si pisal samo ne pisa kolku kafici ima i kladilnici

viski
Почесен член
Почесен член

Female Број на мислења : 46
Age : 55
Име и презиме : Име и презиме
Поени : 7
Reputation : 0
Registration date : 2008-10-04

Вратете се на почетокот Go down

Информации за Драчево Empty Re: Информации за Драчево

Пишување by Saso65 Саб Окт 04, 2008 5:58 pm

кафичи и така - така ама кладилници за извос
Saso65
Saso65
Почесен член
Почесен член

Male Број на мислења : 13
Име и презиме : Име и презиме
Поени : -4
Reputation : 0
Registration date : 2008-09-06

Вратете се на почетокот Go down

Информации за Драчево Empty Re: Информации за Драчево

Пишување by niki Пон Дек 08, 2008 1:23 am

Bidejki imam dosta informacii za Dracevo,gledam deka imas dobri poznavanja.

niki

Female Број на мислења : 5
Местолокација : n.Dracevo
Поени : 0
Reputation : 0
Registration date : 2008-12-04

Вратете се на почетокот Go down

Информации за Драчево Empty Re: Информации за Драчево

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот